Рубиалес претставуваше своја книга, а баш тогаш кон него полетаа јајца (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, доживеа нов непријатен инцидент, и тоа при претставувањето на својата книга во Мадрид. За време на промоцијата, човек од публиката го гаѓал со јајца, а целиот настан е снимен и брзо се прошири на социјалните мрежи. Напаѓачот бил уапсен, а според некои извештаи, станува збор за роднина на Рубиалес.

Рубиалес во четвртокот ја претставуваше својата нова книга со наслов “Matar a Rubiales” (Убиј го Рубиалес) кога од публиката полетале неколку јајца. Снимката покажува како Рубиалес скокнува од столицата и изгледа дека се обидува да му пријде на напаѓачот, но во тоа го спречило обезбедувањето.

Шпанскиот портал “As” тврди дека напаѓачот е стрико на Рубиалес, Луис Рубен Рубиалес, и наведува дека осраменетиот фудбалски функционер и неговото семејство се „многу поделени“. Полицијата го уапсила напаѓачот пред зградата, но властите сè уште не го имаат официјално именувано.