Рубиалес скапо плати за тоа што ја бакна Хермосо (ФОТО)

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбаска федерација (ФИФА) денеска го суспендираше Луис Рубиалес на три години.

Рубиалес ја бакна шпанската фудбалерка Џени Хермосо на подиумот по победата на Светското првенство (СП), а тоа скапо го чинеше.

Поранешниот претседател на РФЕФ ги прекршил „фундаменталните правила на пристојност“ и „однесување на начин кој го нарушува имиџот на фудбалот и ФИФА“.