Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот дефанзивец Антонио Рудигер летово се пресели во Реал Мадрид, откако му заврши договорот со Челси, а во интервју со медиумите откри како бил пречекан.
Рудигер во интервју за медиумите раскажа дека по вселувањето во новиот дом бил посетен од страна на тренерот Карло Анчелоти.
„Бев во нашата нова куќа во Мадрид само неколку часа со моето семејство. Правевме скара, кога заѕвони ѕвончето. Ја отворив вратата и пред неа беше Анчелоти. Седнавме заедно и се запознавме. Седевме два часа и морам да кажа дека никогаш досега не сум имал такво искуство“, вели Германецот.
Рудигер призна и дека добил голема поддршка од сонародникот Тони Крос.