Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Н’Голо Канте е еден од најскромните фудбалери во светот на фудбалот, иако заработи милиони додека играше за Лестер и Челси.
Францускиот репрезентативец во неговата кариера успеа да освои многу трофеи, но никогаш не уживаше во луксуз, а на теренот секогаш ги исполнуваше барањата на тренерот.
Канте секогаш сè решава со насмевка и речиси секогаш е во центар на внимание, а неговиот поранешен колега Антонио Рудигер открива зошто Французинот вози автомобил „Мини Купер“.
„Сè што е поврзано со Канте е уникатно. Па дури и Мини Куперот. Луѓето се смеат поради тој автомобил, но и зад тоа стои приказна. Неговиот сон беше да дојде во Премиерлигата и да успее, а тоа е прв автомобил кој го купил во Англија. За него не е обично возило зашто има посебна важност“, откри Рудигер.