Рудигер по сезоната на Реал без трофеј: Што сакате, да плачеме?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Антонио Рудигер останува во Реал Мадрид уште една сезона. Иако “кралскиот клуб” тоа сè уште не го објавил официјално, германскиот дефанзивец ќе го продолжи договорот, за што веќе извисти АС. Тоа може да се насети и на интернет страницата на Реал, каде Рудигер и понатаму е наведен меѓу играчите, за разлика од Алаба и Карвахал кои се тргнати од списокот, пишува АС.

Дефанзивецот моментално е со германската репрезентација на подготовки за Светското првенство, а во интервју за британскиот The Guardian зборуваше за тежината на последните две сезони. “Може да се случи две години да поминат без освоена титула, но тоа не би требало да стане нормално.”

На крајот, Рудигер зборуваше за тоа како тимот треба да се постави повторно да освојува титули. “Само треба да се преземат вистинските мерки и да се биде искрен кон себе, да се извлечат вистинските заклучоци и да продолжиме уште една година напред. Многу едноставно. Што сакате да правиме? Да плачеме на крајот на денот заради минатите сезони? Не. Ќе извлечеме вистински заклучоци и ќе продолжиме напред, бидејќи она што сега се губи, не може да се врати”, заклучи тој.