Рудигер со отворено писмо: Преговорите станаа тешки во есен, но потоа…


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден од најдобрите дефанзивци во светот, Антонио Рудигер по неколку години во Лондон реши да го напушти Челси и да потпише за Реал Мадрид, каде што наскоро треба да биде промовиран како заслување.

Германецот сакал да остане на „Стемфорд бриџ“, а призна и дека имало преговори, но не такви на какви што се надеваа навивачите, туку раководството на Челси направило голема грешка и загуби еден од најдобрите фудбалери.

Рудигер кажа дека преговорите почнале уште во август, но проблемот се појавил кога управата на Челси исчезнала и не го контактирала во следните месеци.

„Преговорите се искомплицираа на есен. Кога нема да добиете одговор од управата од август до јануари, тогаш ситуацијата станува проблематична. Не сме роботи, мора да знаеме што ќе биде со нашата иднина. Одлуката да заминам ја донесов во март“, откри Рудигер.