Руни до Јунајтед, Ако сака Роналдо да си оди – пуштете го!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни го повика неговиот поранешен клуб да го пушти Кристијано Роналдо да си замине од клубот.

Руни смета дека Роналдо треба да го напушти тимот бидејќи Јунајтед нема екипа која може да се бори за титули.

„Мислам дека Јунајтед треба да го пушти Роналдо. Тимот не е подготвен за борба за титулата, па Тен Хаг прво мора да изгради тим кој може да ја освои лигата во следните три до четири години“, кажа Руни.

Руни за Јунајтед постигна 253 гола, а пет години ја делеше соблекувалната со Роналдо.