Руни е нов тренер на Бирмингем


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Поранешниот англиски напаѓач Вејн Руни денеска беше поставен за нов тренер на Бирмингем, а негова главна цел ќе биде тимот да го врати во Премиерлигата.

Руни неодамна го напушти Ди-Си јунајтед, но не чекаше долго за нов ангажман бидејќи веднаш пристигна понуда од Островот.

„Бирмингем со задоволство може да го соопшти поставувањет на Вејн Руни како тренер на првиот тим, тој потпиша договор на три ипол години“, соопшти клубот.