Руни индиректно го нападна Роналдо: Има многу луѓе кои не даваат сѐ за тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед игра многу лошо во последно време, па не е лесно да сте навивач на премиерлигашот, а не му е лесно ниту на легендарниот Вејн Руни.

Руни освојуваше трофеи со Манчестер јунајтед и тогаш екипата играше одличен фудбал, но овој тим изгледа ужасно, а дното го допре со поразот од 0-5 против Ливерпул.

Најголем виновник за многумина е тренерот Оле Гунар Солскјер, кој очигледно е пред отказ и сѐ ќе се решава на дуелот против Тотенхем.

Во меѓувреме, Руни ги следи случувањата во својот поранешен клуб, а вината ја префрли на дел од фудбалерите, меѓу кои е и Кристијано Роналдо.

„Не е лесно да се гледаат такви натпревари. Забележав дека премногу фудбалери не сакаа да трчаат во одбрана. Имаше многу кои не дадоа сѐ од себе за дресот на тимот, а тоа е недозволиво. Ова се одлични фудбалери, но мора да дадат сѐ за екипата“, вели Руни.