Руни: Му пријдов на тренерот и му кажав дека тренинзите му се – сра*е!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот напаѓач Вејн Руни во моментов игра за Дерби, а најдобрите денови ги помина вод ресот на Манчестер јунајтед.

Легендарниот фудбалер во интервју за англиските медиуми откри детали од својата кариера, а јасно е дека Руни секогаш бил без „влакна на јазикот“.

Многумина веруваат дека тоа се случило додека бил во Манчестер јунајтед, но Руни не сакал да откри за кој тренер станува збор.

„Кога играчите не се среќни често доаѓаат до капитенот и почнуваат да се жалат. Во еден клуб во кој играв бев капитен и соиграчи побараа од мене да одам кај тренерот и да му кажам дека не му се добри тренинзите. Веднаш отидов и му кажав дека тренинзите му се сра*е“, раскажува Руни.