Руни му зададе жесток удар на Салах: Да сум јас на место на Слот…


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни смета дека е време менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, почесто да го остава Мохамед Салах на клупата. Причина за тоа е слабата форма на Египќанецот и фактот што воопшто не помага на својот тим во одбраната.

Ливерпул се наоѓа во голема резултатска криза, а капката што ја прелеа чашата беше тешкиот пораз од Нотингем (0:3) на „Енфилд“.

И покрај тоа што многумина го напаѓаат Арне Слот, легендите на англискиот фудбал со прст покажуваат кон Мохамед Салах. Тој е голема ѕвезда, многу му даде на Ливерпул, но јасно е дека оваа сезона не е ниту приближно добар како порано.

Вејн Руни верува дека Салах треба да преседи на клупата и дека со своите слаби игри и недостаток на вложеност моментално му штети на тимот.

„Да сум Слот, би се обидел да донесам важна одлука која барем би имала влијание на останатиот дел од тимот. Салах не им помага во одбраната. Ако си еден од новите играчи кои потпишале и останеш на клупата, гледајќи дека тој не трча, иако е легенда и многу направи за клубот, каква порака е тоа за тебе?“, рече Руни.