Руни за Мбапе: Никогаш не сум видел фудбалер со поголемо его… (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни е изненаден од односот на Килијан Мбапе кон неговите колеги, а посебно е разочаран од моментот кога Французинот го понижи Лионел Меси.

Мбапе во еден момент на мечот против Монпелје го удри Меси со рамо, а Аргентинецот зачудено го гледаше неговиот помлад колега.

Францускиот напаѓач има 23 години, а токму на таа возраст Меси доби „Златна топка“, па ова предизвика реакција од Руни.

„На 22-23 години го удира така со рамо… Никогаш не сум видел фудбалер со поголемо его. Некој треба да го потсети Мбапе дека Меси кога имаше 23 години, тој имаше четири ‘Златни топки’“, кажа Руни.