Русија не е единствена: УЕФА казни уште една репрезентација поради Украина


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Русија нема да биде единствената држава која ќе биде казнета од страна на УЕФА. По неколку дена жестоки казни за Русија, пристигна и санкција за Белорусија.

УЕФА соопшти дека сите клубови од Белорусија и репрезентациите на државата ќе мора да ги играат домашните натпревари на неутрални терени.

Извршниот комитет на УЕФА реши сите натпревари во кои белоруските тимови треба да бидат домаќини да нема навивачи.

Белорусите поминаа со помали казни од Русите, затоа што клубовите од Русија не можат да се натпреваруваат во европските натпреварувања.

Причина за санкциите од страна на Европската куќа на фудбалот е нападот на Русија и Белорусија врз Украина.