Русија остана без Мундијал, тимовите се суспендирани од УЕФА и ФИФА!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Руската фудбалска репрезентација официјално беше исфрлена од баражот за Светското првенство (СП) во 2022 година, а информацијата ја потврдија ФИФА и УЕФА.

Суспензија ќе добијат и руските клубови како реакција на инвазијата врз Украина, а доколку се смири ситуацијата, ќе биде прекината казната за тимовите.

Русите, кои беа домаќини на последното СП во 2018 година се дисквалификувани и нема да играат за место на Мундијалот во Катар.

Руската женска селекција нема да може да игра на Европското првенство во Англија, а од Европската лига беше исклучен и Спартак Москва, кој е последен тим во европските купови.

УЕФА го прекина и партнерството со рускиот гигант „Газпром“, еден од главните спонзори од 2012 година.