Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот гимнастичар Иван Куљак предизвика голем скандал на Светското првенство во Доха, кога застана во опрема без грбот на Русија, но затоа искористи друг симбол кој ја налути светската јавност.
Куљак го освои третото место, а на натпреварувањето можеше да учествува само доколку прифати да не настапува под обележја на Русија.
Тоа го прифати, но сцената од доделувањето на медали го изненади цел свет, затоа што сите забележаа дека на градите на гимнастичарот беше залепена буквата „З“, која се наоѓа на руските тенкови.
Што значи буквата во моментов не е јасно, иако имаше шпекулации дека тоа треба да спречи пријателски оган во случај на руска инвазија.