Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од најголемите навивачки на Рафаел Надал во светот на тенисот е 24-годишната Дарија Касаткина, која во моментов се наоѓа на 22. позиција на ВТА-листата.
Касаткина не го криеше воодушевувањето затоа што Шпанецот го освоил неговиот 21. гренслем-турнир во кариерата, а потоа го критикуваше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„Новак се обидува да ги натера луѓето да го сакаат, но не му оди. Нешто не е во ред. Надал е реален, не удира рекети затоа што не го правел тоа ниту како дете. Емоциите ги покажува на поинаков начин. На тенисерите им беше непријатно затоа што Ѓоковиќ бараше дозвола да игра. Сите се жртвувавме. Прифативме правила за да играме, а Новак сакаше да оди по свој пат“, вели Касаткина.