Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласираше во финалето во Дубаи, откако го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 2-1 (3-6, 7-5 и 7-6).
Хуркач беше сигурен во првиот сет, каде што стигна до брејк во вториот гем и тоа му беше доволно да стигне до 1-0 во сетови.
Вториот сет беше понапнат, но Рубљев остана смирен и при резултат 6-5 направи брејк за да израмни на 1-1 во сетови.
Во третиот сет беа забележани пет брејки топки, од кои четири за Рубљев, но одлуката за победникот падна во тај-брејкот.
По мечот Рубљев остави порака по повод војната меѓу Русија и Украина.
Russian tennis player Andrey Rublev writes "No war please" on the camera following his advancement to the final in Dubai. pic.twitter.com/GQe8d01rTd
— TSN (@TSN_Sports) February 25, 2022