Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Динамо Москва тргна повторно по потписот на македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, откако не успеа да го реализира на крајот на летниот преоден рок.
Руската екипа во јануари ќе се обиде да го убеди Спортинг Лисабон да го продаде Ристовски, кој не добива премногу шанса во португалскиот тим поради караницата со тренерот Рубен Аморим.
Ристовски беше исклучен во вториот тим, па сега португалските медиуми шпекулираат дека Македонецот ќе си ја бара среќата на друго место.
Ова е одлична можност за македонскиот репрезентативец да влезе во форма пред настапот на Европското првенство следното лето, а за тоа ќе му биде дефинитивно потребна минутажа.
Понудата која ја подготви Динамо Москва за Спортинг изнесува три милиони евра, колку што изнесуваше и претходниот пат.