Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите репрезентации на Русија беа исфрлени од натпреварувањата, а спортистите кои се натпреваруваат во индивидуални спортови не можат да настапуваат под руското знаме.
Секако, најголем удар на Русија ѝ зададоа ФИФА и УЕФА, кои ги исфрлија фудбалските репрезентативци на земјата од натпреварувањата.
Жесток удар претрпе и Белорусија, чии тимови и репрезентации мора да играат меѓународни натпревари на неутрален терен без публика.
Руски „Тас“ објави дека Русија во Сочи ќе организира натпреварување само за белоруските и руските спортисти.
„Натпреварувањата во кои ќе учествуваат руски и белоруски спортисти ќе се одржат во Сочи. Се разговара за датумите и спортовите“, открива извор од Русија.