Руски фудбалер почина на 29-годишна возраст!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Спартак Москва, Александар Козлов почина на 29-годишна возраст, а руските медиуми пишуваат дека тоа се случило поради срцев удар.

Козлов играше како напаѓач на Спартак, но во последните години се посвети на аматерскиот фудбал, а негов последен клуб беше Зорки од Красногорск.

Русинот пред 10 години беше еден од наголемите таленти во рускиот фудбал, а од него се збогуваа голем број познати руски фудбалери, додека портпаролот на Спартак даде изјава за медиумите.

„Баравме утре да го почнеме мечот со едноминутен молк. Играчите и клубот се подготвени финансиски да му помогнат на неговото семејство“, кажа портпаролот.