ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Поранешната руска тенисерка Марија Шарапова решила да ја продаде својата вила во Лос Анџелес.
Одлуката на Шарапова да ја продаде вилата вредна 25 милиони долари, како што дознава “Wall Street Journal”, предизвика големо медиумско и јавно внимание.
По 13 години поминати во овој раскошен дом, Шарапова размислува за преселба во Европа со својот вереник, 46-годишниот британски бизнисмен Александар Гилкс.
Шарапова, која освои пет гран слем титули и остана запаметена по триумфот над Серена Вилијамс на Вимблдон 2004 година со само 17 години, се повлече од професионалниот спорт во 2020 година поради здравствени проблеми.
Фотографија: Принтскрин