Рускиот гимнастичар не се плаши од казна: Знакот „З“ значи – за победа, за мир!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот руски гимнастичар Иван Куљак повтори дека не се плаши од казна, поради неговиот потег на Светскиот куп да се појави со буквата „З“.

Меѓународната гимнастичарска федерација соопшти дека е почната дисциплинска постапка против Куљак, а конечната одлука наскоро ќе биде донесена.

Светските медиуми сметаат дека неговиот потег е провокација бидејќи буквата „З“ е поставена на руските тенкови кои се на специјална операција во Украина.

„Ни беше кажано да го покриеме знамето и тоа го направив. Сè ни е забрането. Само сакав да покажам од каде сум. И не се плашам од послеиците. Никого не сакав да навредам. Овој знак значи – за победа, за мир“, кажа Куљак.