Сѐ е во знакот на бројот седум: Роналдо дебитира по вторпат на „Олд Трафорд“ 📸


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Голем ден е денеска за навивачите на Манчестер јунајтед, затоа што на мечот против Њукасл ќе дебитира Кристијано Роналдо по вторпат во кариерата за премиерлигашот.

По 12 години, легендарниот голгетер повторно се врати кај „ѓаволите“. Прво дојде како чудо од дете, а потоа стана легенда.

Тренерот Оле Гунар Солскјер го најави на теренот за дуелот против Њукасл, по што почнаа еурофијата во Манчестер и сите влезници веднаш беа продадени, а дел од нив се продаваат и на црниот маркет по високи цени.

Навивачите почнаа од рано наутро да се собираат, а речиси сите се во дресови со бројот седум, кој повторно ќе биде главен на „Театарот на соништата“.