Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французите доживеаа дебакл на Европското првенство (ЕП), иако беа главни фаворити за титулата, а испаднаа уште во осминафиналето, по што се искараа меѓу себе.
Француската репрезентација е полна со светски ѕвезди, а сега на социјалните мрежи се појави видео како Осман Дембеле исмејува работник во еден хотел, кој чесно си ја заработува платата.
Вработените на хотелот се обидувале да го решат проблемот со телевизијата во хотелската соба, а Дембеле тоа го искористил за да се пошегува.
Овој 24-годишен фудбалер го коментирал нивниот изглед, јазик на кој зборуваат и потекло.
„Сите овие грди лица само за ти да можеш да играш ПЕС? Зарем не ти е срам“, може да се слушне како Дембеле му вели на Гризман, кој на тоа се насмеа.
„На каков јазик зборуваат? Разбираат нешто во технологија или не?“, дофрли Дембеле.
ah ouais ils sont comme ça Antoine Griezmann et Ousmane Dembélé ? #StopAsianHate pic.twitter.com/JJFBk6X0nZ
— nahidul 🏴🇪🇸🇺🇾 (@duatleti) July 1, 2021