Сѐ е готово: Што зборуваа Мбапе и Бензема во тунелот пред големото дерби во Париз?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе беше главна ѕвезда во Париз затоа што му донесе победа на ПСЖ од 1-0 против Реал Мадрид, а по средбата се појавија снимки од тунелот на стадионот на кој може да се забележи како младиот напаѓач разговара со Карим Бензема.

При краткиот разговор може да се слушне како Мбапе го прашува Бензема што чувствува, а на тоа напаѓачот на Реал му одговара дека е малку повреден.

Потоа следеше детал кој привлече големо внимание затоа што може да се слушне како Мбапе вели дека „сè е готово“, а многумина сметаат дека тоа го кажал за трансферот во Реал Мадрид.

Сепак, по мечот Мбапе во својата изјава остана професионален и не откри каде ќе игра следната сезона.

„Нормално е луѓето да зборуваат за мене. Среќен сум што го носам дресот на ПСЖ. Ќе дадам сè од себе за да ја освоиме титулата“, кажа Мбапе.