Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓
Фудбалерите на Ливерпул утре играат против Кристал Палас на “Вембли” во рамките на Комјунити шилдот.
Победникот на Премиер лигата и освојувачот на ФА Купот традиционално играат една недела пред новата сезона на најсилното светско првенство. Тоа можеби ќе биде можност за нова рунда преговори околу стоперот Марк Геи.
Челси се повлече, така што сега Ливерпул има отворен пат кон англискиот репрезентативец. Арне Слот го карактеризираше како цел за зајакнување на конкуренцијата во последната линија, играчот е спремен да премине на “Енфилд” бидејќи влезе во последната година од договорот.
Се очекува дека помеѓу 30.000.000 и 40.000.000 ќе треба да го задоволат лондонскиот клуб.
Ливерпул ова лето веќе ги донесе: Флоријан Виерц, Џереми Фримпонг, Милош Керкез, Уго Екитике, Армин Пеќи, а на тимот му се приклучи и Џорги Мамардашвили кој ја помина сезоната на позајмица во Валенсија.
Фото: Принтскрин