Сѐ се случи на центарот на теренот: Фудбалер толку силно удри судија со глава, му ги изби и забите (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Невиден инцидент го потресе уругвајскиот фудбал. Резервниот натпревар во Малдонадо се претвори во насилна сцена кога играчот се нафрли врз судијата.

За време на финалето на резервната дивизија помеѓу Сан Лоренцо и Централ Молина, се случија сцени кои го преплавија уругвајските медиуми.

Сѐ започна откако судијата Алексис Фереира покажа два црвени картони на фудбалерите од Сан Лоренцо поради навреди кон крајот на натпреварот.

Во тој момент, еден од играчите на Сан Лоренцо ја загуби контролата и го нападна судијата.

На снимката што брзо се рашири на социјалните мрежи, се гледа како играчот брутално го удира Фереира со глава право во лицето.

Од ударот, судијата изгуби два заби, а Фереира падна наназад, додека крв течеше од неговиот нос и уста.