Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Арена Сабаленка во финалето на Ролан Гарос ја совлада Коко Гоф, резултатот беше 2:1, a после мечот Белорусинката ја навреди ривалката.
Првата тенисерка во светот беше фаворит, но по пресвртот Американката победи.
Сабаленка по мечот даде изјава која предизвика бурни реакции, го спомена и Ига Швјонтек.
– Боли. Особено затоа што играв одличен тенис во текот на две недели. Играв против тешки противнички, олимписка шампионка, Ига… А потоа излегувам на терен и играм лошо во финалето. Не знам. Ми се чини дека Ига да ме победи мене пред некој ден, би излегла на терен и би победила. Искрено, боли – рече Сабаленка по поразот и повторно потврди дека нема милост кон противничките дури ни надвор од теренот, како што неодамна кажа за себе.
Но, Американката не ѝ остана должна. Гоф смета дека заслужено стигнала до втората гренд слем титула.
– Не се согласувам со тоа. Не сум во сенка на Ига или било што слично, но играв против неа и ја победив во три сета. Не мислам дека е фер да се каже тоа, затоа што навистина сè може да се случи. Искрено, според начинот на кој Арена играше последните неколку недели, беше фаворит. Би рекла дека е најподготвената тенисерка против која можев да играм во финалето. Со оглед на тоа што е број еден во светот, таа беше најдобрата тенисерка за овој меч. Мислам дека го добив најтешкиот меч само ако се осврнете на статистиката – рече Коко, која пред две години во финалето на Ју-Ес Опен исто така ја победи Арина и тогаш ја освои првата гренд слем титула во кариерата.
Фото: Grok AI