Сабаленка го одбрани трофејот во Мајами


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Со оваа победа, Сабаленка го одбрани минатогодишниот трофеј во Мајами, а истовремено го комплетираше таканаречениот „сончев двоен успех“ бидејќи пред две недели триумфираше и на WTA 1000 турнирот во Индијан Велс.

Првата тенисерка во светот Арина Сабаленка ја освои титулата на WTA 1000 турнирот во Мајами откако во финалето ја победи Американката Коко Гауф со 6-2, 4-6, 6-3.

Со оваа победа, Сабаленка го одбрани минатогодишниот трофеј во Мајами, а истовремено го комплетираше таканаречениот „сончев двоен успех“ бидејќи пред две недели триумфираше и на WTA 1000 турнирот во Индијан Велс.

Така таа стана петта тенисерка во историјата која успеала во иста година да ги освои Индијан Велс и Мајами, по Германката Штефи Граф (1994, 1996), Белгијката Ким Клајстерс (2005), сонародничката Викторија Азаренка (2016) и Полјачката Ига Швјонтек (2022).