Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Новите технички промени што ги воведува ФИА од Големата награда на Шпанија може да имаат значително влијание врз дизајнот на болидите, но Карлос Саинц смета дека нештата не се толку драматични.
Од трката во Барселона, сите тимови ќе мора да се покорат на построги тестови за свиткување на предните крила, со што ФИА сака конечно да стави крај на сè почестите расправи за нивната флексибилност.
Тимовите веќе најавија нови предни крила кои ќе бидат во согласност со новите правила, а многумина веруваат дека тоа би можело значително да го промени односот на силите во поредокот.
Шефот на тимот на Саинц, Џејмс Воулс, беше еден од тие што нагласи дека токму најбрзите тимови би можеле најмногу да ги почувствуваат последиците од ова техничко заострување.
Сепак, Саинц не се согласува со таквите оценувања и смета дека влијанието на оваа промена се преценува.
„Се разбира, многу се зборуваше за ова”, рече возачот на Вилијамс. „Не мислам дека ќе има толкаво влијание врз тимовите и луѓето колку што се мисли или се обидува да се претстави во врска со оваа промена на правилата“, додава тој.
Фото: Принтскрин