Саинц по операцијата се враќа за трката во Австралија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Ферари, Карлос Саинц се очекува да настапи на трката за Големата награда на Австралија која се води следниот викенд.

Саинц ја пропушти трката во Саудиска Арабија откако беше опериран на 8 март, а на негово место возеше тинејџерот Оливер Берман.

Шпанецот настапи само на првата трка оваа сезона и го освои третото место во Бахреин, а до крајот на сезоната ќе треба да си најде и нов тим за следната година бидејќи неговото место во Ферари ќе му припадне на Луис Хамилтон.

Трката во Австралија се вози в недела од 5 часот.