Сакал да земе витамини, но на крајот испил – вијагра!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Челси и Вест Хем, Карлтон Кол откри непознати детали од еден негов тренинг на англиската репрезентација.

Кол сакал да се напие витамини, но наместо тоа земал вијагра, по што се пошегува дека бил најбрз на тренингот затоа што имал три нозе.

„Сакав да се напијам витамини, но испив вијагра по грешка. Може да замислите, бев најбрз на тренингот“, се пошегува Кол.

Апчињата намерно му ги измешал Џермејн Дефо, кој заедно со останатите соиграчи сакал да се пошегува на сметка на Кол, а исто така вели дека никогаш нема да го заборави неговиот израз на лицето.