„Сакам да останам во Реал Мадрид до крајот на животот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид лесно славеше против Осасуна со 4-0 и се врати на врвот на Ла Лига, а на теренот повторно блеснаа Џуд Белингам и Винисиус Жуниор.

Бразилецот по натпреварот кажа дека му е чест што го носи дресот на „кралевите“ и нема намера да си замине од Мадрид, иако има договор до следното лето.

„Мило ми е што играм тука, со овие навивачи на трибините и со оваа љубов која ми ја даваат. Среќен сум што играм за Реал Мадрид и сакам да го правам ова до крајот на животот“, кажа Винисиус.

Винисиус имаше само пофални зборови за неговиот колега Белингам, кој вчера постигна два гола против Осасуна.