Сакаше да се одмазди за пропаднат трансфер, а на крајот разбра дека не бил толку голем фраер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Понекогаш фудбалерите не го добиваат тоа што го посакуваат, па решаваат да се одмаздат на тимот и на крајот завршуваат со извинување.

Дидие Ламкел Зе, кој настапува за Антверпен од октомври игра за Б-тимот и сака да потпише за Панатинаикос, но неговата желба не беше исполнета.

Антверпен не сака да го пушти, па тој реши да облече дрес на Андерлехт и да се појави на тренинг, на кој не му беше дозволено да влезе.

Камерунскиот фудбалер не успеа во неговата намера да ја убеди управата да го пушти, па реши да се извини на навивачите и на клубот.

„Сакам да им се извинам на навивачите на Антверпен, зашто тие се одлични и секогаш ме поддржуваа. Навистина сакам да се извинам. Ако му требам на тренерот, ќе бидам достапен за клубот“, порача Зе.