Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез кажа дека не му се допаднал трансферот во Манчестер јунајтед, односно сакал да ја напушти екипата веднаш по првиот тренинг.
Санчез во Јунајтед стигна од Арсенал и стана еден од најплатените фудбалери, но не се покажа и поради тоа беше испратен во Интер.
„Сакам да ви откријам нешто за тој период. Добив шанса да играм за Јунајтед и без размислување ја прифатив бидејќи од дете сонував да играм за нив. Сепак, по првиот тренинг многу работи се променија и сакав да го напуштам клубот. Му се јавив на мојот агент и го прашав дали може да се вратам во Арсенал, но тој само се насмеа на тоа“, открива Санчез.
Санчез потоа замина на позајмица во Интер во 2019 година.