„Сакавме да потпишеме со Мбапе, но ни побара 50 милиони по сезона, тоа не е разумно…“


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе најверојатно ќе потпише за Реал Мадрид на крајот на сезоната, иако за него беа заинтересирани голем број европски гиганти.

ПСЖ се обидуваше да го убеди Мбапе да остане во Париз, но не успеа во намерите, затоа што Французинот сака да си ги оствари соништата и да игра за Реал Мадрид.

Мбапе е играч кој може да внесе дополнителен квалитет во екипата, а тоа се забележува по настапите на ПСЖ, додека Жоан Лапорта бил еден од тие кои сакал да го донесе во Барселона.

„Ни побара плата од 50 милиони евра по сезона. Тој е фантастичен фудбалер и нема сомнеж, но тие барања се неразумни“, вели Лапорта.