Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мохамед Салах, најголемата ѕвезда на Ливерпул, реагираше на објава на популарниот навивачки профил Anfield Edition, барајќи поголема почит кон играчите кои го напуштија клубот. Салах не се сложи со споредбата на новите засилувања со Луис Дијаз и Дарвин Нунез, поранешни членови на екипата која минатата сезона ја освои титулата првак на Англија, пренесува Daily Mail.
Anfield Edition, кој на социјалната мрежа Х го следат повеќе од половина милион луѓе, во вторникот ги истакна летните трансфери на Александер Исак и Флоријан Виртц. Ливерпул плати 147 и 137 милиони евра за нив, а објавата гласеше: “Назначете поголемо подобрување во историјата на фудбалот”. Со тоа директно ги споредија со Дијаз и Нунез, кои заминаа ова лето. Колумбиецот за 77 милиони евра премина во Бајерн Минхен, додека уругвајскиот напаѓач за 62 милиони евра се префрли во саудискиот Ал-Хилал.
Египетскиот репрезентативец веднаш реагираше. “Што велите за тоа да ги славиме одличните засилувања без да не ги почитуваме шампионите на Премиер лигата?”, напиша Салах. Неговиот коментар предизвика низа позитивни реакции кај навивачите, а многумина му порачаа: “Во право си, Мо”, “Кралот проговори” и “Секогаш ќе се памети нивното влијание”.
Фото: Grok AI