Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ливерпул продолжи со фантастичната форма оваа сезона, предводени од тренерот Арне Слот. Вчера, на „Енфилд“, успеаја да го надиграат големиот ривал Манчестер Сити со 2-0, во рамките на 13. коло од Премиерлигата.
Со оваа победа, Ливерпул уште еднаш го потврди својот статус како сериозен кандидат за титулата. Иако имаат големи причини за славје и оптимизам, по натпреварот вниманието го привлече изненадувачката изјава на нивниот најдобар играч, Мохамед Салах.
„Искрено, не можам да ја тргнам мислата од тоа што мојот договор сè уште не е продолжен. Ако ништо не се промени, ова можеби беше мојот последен натпревар за Ливерпул против Манчестер Сити. Уживав во секоја секунда на теренот и ќе продолжам да го правам тоа додека сум тука. Се надевам дека ќе ја освоиме лигата и ќе го завршиме оваа сезона на најдобар можен начин. Потоа, ќе видиме што ќе донесе иднината“, изјави Салах.
‘This is probably the last City game I’ll play for Liverpool’ 🤯
— Optus Sport (@OptusSport) December 1, 2024
Mohamed Salah scored and assisted against Manchester City and then delivered this interview 👀 pic.twitter.com/eD7wYXWf5t