Салах и екипата нема да го менуваат тренерот, Трабзонспор ја повлече оставката


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Трабзонспор објави дека ја одби оставката на тренерот Фатих Теке, која што ја понуди после дебаклот во двомечот со Ференцварош во плејофот за пласман во Лига Европа.

По поразот од 0:1 во првиот натпревар, силно зајакнатиот Трабзонспор во реваншот, одигран во четврток во Будимпешта, загуби со 0:4.

Теке веднаш по поразот во Унгарија ја понуди својата оставка, која клубот ја одби, наведувајќи дека била резултат на “силен емотивен импулс”.

Теке стана тренер на Трабзонспор во март минатата година, а во претходната сезона ја предводеше екипата на клубот до трофејот во Купот на Турција и до третото место на табелата во Суперлитата.

Трабзонспор, кој ова лето го потпиша Мохамед Салах и Фабињо, како и го врати Андреа Онана на позајмица од Манчестер јунајтед, ќе продолжи сезонава да игра во групната фаза на Лигата на конференции и таму ќе ги одмери силите со Црвена Звезда.