Салах има три опции – каде ќе ја продолжи кариерата?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Мохамед Салах објави дека на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул и започна да се шпекулира за неговите понатамошни планови.

Како што пишува „Дејли Мејл“, постојат заинтересирани тимови, а најмногу во приказната се клубови од Саудиска Арабија и МСЛ лигата.

Според информациите кои ги носи „Атлетик“, Арабија останува многу сериозна дестинација. Посебно се издвојува Ал Итихад, кој уште во 2023 година се обиде да го доведе. Иако тогаш не дојде до реализација на трансферот, врските меѓу двете страни се уште постојат.

Сепак, „Ливерпул Ехо“ носи информација дека Салах размислува и за враќање во Италија, каде што го носеше дресот на Рома и Фиорентина.

Секако, Египќанецот има време за размислување и да донесе одлука за тоа што е најдобро за неговата иднина.