Салах ја отвори вратата на Шпанија: Сакам еден ден да играм во Ла Лига!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Египќанецот Мохамед Салах синоќа постигна два гола за Египет и така се искачи на втората позиција на вечната листа на стрелци во репрезентацијата.

Ѕвездата на Ливерпул по натпреварот не ја исклучи можноста за трансфер и кажа дека би сакал еден ден да заигра во шпанската Ла Лига.

„Не зависи од мене дали ќе останам. Ќе видиме што ќе се случи, но преферирам да не зборувам за тоа сега. Мојот однос со Клоп е нормален однос меѓу две личности. Така би го опишал тоа. Се надевам дека ќе играм уште многу години, па зошто да не заиграм и во Шпанија, никој не знае што носи иднината, па можеби еден ден ќе играм таму“, вели Салах.