Салах: Одмаздата ми е во глава уште од 2018 година!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мохамед Салах вечерва ќе има можност да му се одмазди на Реал Мадрид за тоа што се случуваше во финалето во Лигата на шампиони (ЛШ) во 2018 година.

„Кралевите“ во финалето пред четири години славеа со 3-1, а Салах не го памети по добро натпреварот затоа што беше повреден од Серхио Рамос.

Многумина сметаа дека Рамос намерно го повреди Египќанецот, па Салах вели дека не заборава и ќе се одмазди.

„Одмаздата ми е во глава уште од 2018 година. Меѓутоа, тоа не се лоши мисли. Реал е Реал, тоа е неверојатен тим“, кажа Салах.