Салах прифатил трансфер во Ал-Итихад, но дали Ливерпул ќе го пушти?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мохамед Салах му соопштил на раководството на Ливерпул дека сака да се пресели во Саудиска Арабија, односно во тимот на Ал-Итихад.

Саудискиот тим нуди повеќе од 100 милиони евра за Египќанецот, а конечната одлука останува на тренерот Јирген Клоп.

Салах досега настапи на 307 натпревари за премиерлигашот, а притоа постигна 187 голови и 80 асистенции.

Египќанецот не е задоволен во Ливерпул бидејќи тимот нема да игра ниту во Лигата на шампиони (ЛШ) оваа сезона и тоа е уште причина поради која сака да замине.