До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Клубовите од Саудиска Арабија трпеливо го чекаат исходот на конфликтот помеѓу Мохамед Салах и тренерот Арне Слот пред да испратат официјална понуда за незадоволната ѕвезда на Ливерпул. Напнатоста ескалираше откако Египќанинот јавно изрази фрустрација поради неговото изоставување од првата постава минатиот викенд, а неговата иднина на Анфилд сега е понеизвесна од кога било.
Се очекува Слот и 33-годишниот Салах да одржат нови разговори во следните 48 часа за да се обидат да ги решат недоразбирањата. И покрај медиумските шпекулации, Ливерпул официјално настојува дека Салах не е на продажба. Од клубот потсетуваат дека Египќанинот пред само неколку месеци потпиша нов договор вреден повеќе од 400,000 фунти (околу 460,000 евра) неделно и се очекува да го почитува до крај, верувајќи дека проблемот со тренерот може да се реши со внатрешен договор.
Извори од Pro Лигата се сомневаат во искреноста на намерите на Ливерпул. Сметаат дека тоа е само стратегија за заштита на високата трансферна вредност на Salah и внимателно го следат развојот на ситуацијата. Ако Ливерпул сепак реши да ја продаде својата ѕвезда, три клуба веќе се во редот, пишува Daily Mail. Тоа се Ал Хилал, Ал Кадсија и Неом.
Да потсетиме, Ливерпул во 2023 година веќе одби понуда од Ал Итихад вредна повеќе од 170 милиони евра. Интерес покажаа и американските MLS клубови Сан Диего и Чикаго Фајр, но тие тешко можат да си го дозволат доведувањето на египетската ѕвезда, освен ако таа не одлучи да ги намали своите примања.
Салах е дел од тимот на Ливерпул од 2017 година и за него одиграл 420 натпревари со учинок од 250 голови и 116 асистенции. Со Ливерпул освоил осум титули меѓу кои и две за најдобар тим во Премиер лигата и една за освојувачи на Лигата на шампионите.















