Салихамиџиќ најавува пристигнување на голема sвезда во Баерн!

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, пред неколку дена изјави дека преговара со голема ѕвезда.

Салихамиџиќ работи напорно за да го подготви тимот за новата сезона, а веќе е јасно дека ќе има некои измени на играчкиот кадар. Јасно е дека Баерн нема да го откупи договорот на Филипе Кутињо, а на негово место најави пристигнувањето на голема ѕвезда.

Се разбира, германските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат за кој играч станува збор, а многумина веруваат дека тоа е Пауло Дибала. Популарниот Брацо се обиде да го донесе аргентинскиот напаѓач во Баерн минатото лето, но не успеа.

Наводно, Салихамиџиќ веќе некое време е во контакт со челниците на Јувентус. Аргентинецот е голема желба на Салихамиџиќ и сигурно тоа би било огромно засилување за Баерн.

Баварците бараат играч да биде во тандем со Левандовски, а експериментот со Кутињо не успеа. Салихамиџиќ е очигледно убеден дека голема ѕвезда доаѓа во Баерн, а дали е Дибала, останува да видиме.