Само четири минути му беа потребни на Вернер да го постигне деби голот за Челси (Видео)

Екипата на Челси денеска против Брајтон го одигра својот прв пријателски натпревар во пресрет на новата сезона.

Натпреварот на крај заврши без победник, 1:1, а фановите на Челси беа во исчекување на деби настапите на Тимо Вернер и Хаким Зијеш.

Само четири минути беа потребни Вернер да ја затресе мрежата за прв пат во кариерата откако одлично ја искористи асистенцијата на Хадсон-Одои.

Претходно Хаким Зијеш упати супер топка до Хадсон-Одои кој потоа го пронајде Тимо Вернер.