Само еден стадион е подготвен: Италија во трка со времето за домаќинството на Еуро


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Директорот на UEFA за Европското првенство 2032 година, Микеле Ува, е уверен дека Италија нема да го изгуби статусот како еден од домаќините на тоа континентално натпреварување.

Сепак, покрај тоа, тој упати остро предупредување до Милано и Наполи, а причината е лошата инфраструктура, јавува Football Italia.

Имено, пред само неколку недели, претседателот на UEFA, Александер Чеферин, се закани дека ќе го одземе домаќинството на Италија поради лошата инфраструктура.

“Се надевам дека инфраструктурата ќе биде подготвена. Во спротивно, турнирот нема да се игра во Италија”, изјави Чеферин за “Газета” на 2 април. Ува се осврна на тие тврдења за време на настанот “Il Foglio a San Siro”, организиран во Милано.

“Тој е во право и испрати јасна порака. Интензивно работиме и уверен сум дека Италија ќе биде домаќин на Европското првенство со пет стадиони”, рече Ува, смирувајќи ја јавноста. “Не заостануваме и совршено сме усогласени со планираната динамика. Нема причина за вознемиреност.”

Ува нагласи дека клучно е заедничкото работење на сите вклучени страни.

“Само треба да продолжиме да работиме сите заедно. По силното забрзување во последните шест месеци, осум локации имаат рокови што им овозможуваат апликација. До средината на септември, Италијанската фудбалска федерација ќе избере пет градови што ќе ги претстави на UEFA, а во првата недела од октомври домаќините ќе бидат потврдени”, објасни тој.