Само една причина го држи Куман на тренерското место на Барселона


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Барселона не може да се пофали со многу успеси сезонава затоа што го освои само шпанскиот Куп, додека испадна рано од Лигата на шампиони и ја загуби трката за трофејот во Ла Лига.

Каталонците испаднаа уште во осминафиналето, а поради тоа многумина го обвинуваат тренерот Роналд Куман и бараат да добие отказ.

Новиот претседател на клубот, Жоан Лапорта имал состанок со Куман на кој му соопштил дека не го сака повеќе на тренерското место, но нема избор.

Иако Лапорта сакал да му даде отказ на Куман, сепак во моментов нема доволно достапни тренери со големо искуство кои би можеле да го заменат Холанѓанецот.

Како кандидат се споменува Чави, но многумина сметаат дека тој не е доволно искусен за таков предизвик.