Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Интер Мајами ни оваа сезона не успеа да стане првак на Соединетите Американски Држави бидејќи шокантно испадна веќе во првото коло од плејофот, а Дејвид Бекам сака во зима дополнително да ја засили екипата и подготвува уште еден спектакуларен потпис.
Интер донесе огромни засилувања во изминатите неколку години, а секако покрај Лионел Меси главните ѕвезди во екипата се Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс.
Иако клубот од Мајами одлично играше во регуларниот дел од сезоната и беше првопласиран во Источната конференција, на крајот испадна веќе во првото коло од плејофот бидејќи Атланта успеа да приреди сензација.
Во Интер се навистина разочарани од таквиот исход, па Бекам и неговите соработници сакаат да направат се за да следната сезона овој клуб стане првак на Америка.
Јасно е дека во јануари Интер нема да може да направи многу, но наводно Бекам го подготвува теренот за лето кога сака повторно да донесе неколку големи засилувања, и веќе се знае кој е главната мета на сопственикот на клубот од Мајами.
Имено, медиумите во Америка пишуваат дека Интер ќе се обиде да го доведе Кевин де Брујне и веруваат дека имаат одлични шанси Белгиецот да дојде во Мајами.
.