Само три тима можат да го купат Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Килијан Мбапе доби нова порака од Насер Ал Келаифи ако сака да остане во ПСЖ, а тоа е да потпише нов договор.

Договорот на Мбапе завршува во јуни 2024 година и затоа парижаните сакаат да го продадат уште ова лето, ако не потпише нов договор.

Мбапе одби да потпише нова соработка, а тоа значи дека идното лето би можел да замине целосно бесплатно, доколку ПСЖ во меѓувреме не го продаде.

Заинтересирани за францускиот напаѓач се неколку екипи, а наводно само три можат да си го дозволат, а тоа се Реал Мадрид, Манчестер сити и Њукасл.